Саудиска Арабија не планира да попушти, нема алкохол на СП во 2034!

ФИФА потврди дека Светското првенство во 2034 година ќе се одржи во Саудиска Арабија, што наиде на многу критики од фудбалската јавност.

Покрај проблемите како кршењето на човековите права на мигрантите и новиот зимски термин кој го нарушува календарот, дополнително незадоволство предизвикува и забраната за алкохол во земјава.

За разлика од Катар, каде алкохолот беше достапен во хотелите и кафулињата, Саудиска Арабија е многу поконзервативна, а алкохолот е забранет од 1952 година. ФИФА научи лекција од Катар кога мораше да го откаже договорот со Бадвајзер неколку дена пред првенството, што тоа ја чинеше околу 40 милиони фунти.

„Гардијан“ пренесува дека ФИФА нема да врши притисок врз домаќините да го променат законот, па затоа е многу веројатно навивачите да не можат да консумираат алкохол за време на првенството.