Саудиска Арабија „дебело“ ги награди учесниците на Суперкупот на Италија

Италијанскиот Суперкуп имаше уште едно успешно издание, организирано во Ријад. Наполи заработи 9,5 милиони евра со освојувањето на натпреварувањето додека Болоња, која беше поразена во финалето, ќе инкасира 6,7 милиони евра.

Воедно, Наполи ќе заработи дополнителни 1,5 милиони евра од пријателскиот натпревар што треба да го одигра против освојувачот на Суперкупот на Саудиска Арабија.

Поразените полуфиналисти ви Суперкупот, Милан и Интер, ќе добијат по 2,4 милиони евра, додека преостанатите шеснаесет клубови од Серија А ќе поделат по два милиони евра.

Вкупниот награден фонд за овогодишниот Суперкуп на Италија изнесуваше 23 милиони евра.