Саудијците исвиркаа минута молк во чест на Бекенбауер, па објаснија зошто

Реал и Атлетико Мадрид се судрија во полуфиналето на Суперкупот на Шпанија во Ријад, а „кралевите“ славеа по продолженија со 5-3 над градскиот ривал. 

Овој натпревар започна со минута молк во чест на починатата германска легенда Франц Бекенбауер. Сепак, овој потег не им се допадна на сите присутни на стадионот во Ријад, па дел од публиката го исвирка гестот. Исто така посебни свирежи имаше и за Тони Крос, кој со месеци јавно ги критикува фудбалерите кои се селат во Саудиска Арабија поради високите понуди.

Објаснување за оваа ситуација даде еден саудиски новинар за шпанските медиуми. Тој откри дека свирежите не се насочени кон Бекенбауер: „Тие свирежи немаа никаква врска со Бекенбауер, туку тоа е културен проблем. Во Саудиска Арабија не е вообичаено да има минута молк за ништо“.