• Горан Упале
Саудиска Арабија, не само што троши многу пари за да донесе врвни странски играчи и тренери во своите клубови, поради што во последните години има статус на фудбалска Мека, туку нејзините власти се и дарежливи кога станува збор за доделување награди на најдобрите репрезентативци. Таков e случајот со пласманот на Светското првенство следната година во Мексико, САД и Канада.
Министерот за спорт, принцот Абдулазиз Бин Турки Ал Фајсал, одлучи да им исплати на секој играч и член на тренерскиот персонал по 1.150.000 евра за гореспоменатиот успех. Дадено е и ветување дека ќе им бидат обезбедени врвни подготовки и посебна логистичка поддршка додека работат на нивната игра и форма за Светското првенство.
„Ова не е само награда за минатото, туку и поттик за иднината. Фудбалот во Саудиска Арабија се игра со посебна страст, а Светското првенство во САД, Канада и Мексико е визија за нова ера“, гордо објави најави министерот за спорт.
Саудијците досега учествувале на шест Светски првенства, а значајни резултати вклучуваат пласман во осминафиналето на Светското првенство во 1994 година, како и сензационална победа над Аргентина пред три зими во Катар.
