• Иван Димовски
Шпанскиот второлигаш Алмерија доби нов сопственик – тоа е саудиската компанија „SMC Group“, предводена од Мохамед Ал-Кереджи, блискиот соработник на Кристијано Роналдо.
Како што пренесуваат медиумите во Шпанија, токму Португалецот би можел да стане дел од сопственичката структура на клубот, со оглед на неговиот интерес за инвестирање во фудбалот по завршување на кариерата.
„SMC Group“ е водечка компанија на Блискиот Исток во областа на медиуми, технологија и маркетинг, а нејзината амбиција е Алмерија да стане конкурентен тим во Примера. Вредноста на трансакцијата се проценува на околу сто милиони евра. Досегашниот сопственик Турки Ал-Шеик се повлекува по шест години, а примопредавката на клубот е во завршна фаза со надзор од Ла Лига.
Official statement from UD Almería pic.twitter.com/Lu4KXRt9w1
— UD Almería (@UDAlmeria_Eng) May 16, 2025
Алмерија моментално е шеста во Сегунда и ќе игра плејоф за промоција во елитата.





