• Иван Димовски
Малото мадридско дерби меѓу Реал и Хетафе понуди страшен гол во режија на Мартин Сатриано.
Иако Реал беше подоминанте, во финишот на полувремето гостинот прв стигна до погодок. По еден центаршут од десната страна, со глава се обиде да расчисти Антонио Рудигер. Сепак, топката заврши само кај Арамбари, а овој исто така со глава го проигра Сатриано. Асот на Хетафе не размислуваше и со волеј ја испрати топката во мрежата.
Голот на Мартин Сатриано беше волеј за најавните шпици кој ги замолкна трибините на „Бернабеу“.






