Сетиен веднаш се фати за работа, Гранада е првиот предизвик за новата Барса

Откако синоќа беше назначен за нов кормилар на Барселона, Кике Сетиен веднаш се фати за работа и денес го одработи првиот тренинг со фудбалерите на шпанскиот шампион. Искусниот стратег на клупата на Каталонците доаѓа како замена за Ернесто Валверде, кој доби отказ по лошите резултати, и потпиша договор на две и пол години. 

Утрово, 61-годишниот Сатиен ги подели првите совети на новите фудбалери и ја започна „мисијата“ Гранада – следниот противник на Барса во Примера.

Сетиен речиси цела своја кариера ја мина, тренирајќи екипи од Примера, а негов последен клуб беше Бетис.