ВИДЕО: Сасуоло со пресврт ја продолжи агонијата на Фиорентина

Сасуоло ја продолжи добрата низа и на домашен терен славеше над Фиорентина (3-1), триумф со кој ја продолжи агонијата на „виолетовите“ во рамки на италијанската Серија А.

  • Извештај од натпреварот:

Тимот од Фиренца игра под очекувањата оваа сезона. Ако низ минатите години беше меѓу најдобрите екипи во калчото, оваа година е во долниот дел и лесно раздава бодови. 

Првиот дел најавуваше успех на Фиорентина, затоа што гостинот беше оној кој доминираше. Тоа донесе и погодок во 31. минута преку Џакомо Бонавентура, арно ама во вториот дел Сасуоло се разбуди и дојде до трите бода.

Два пенали во 59. и 62. минута донесоа пресврт. И двата ги реализира Доменико Берарди. Триумфот го потврди Французинот Максим Лопез, кој во мрежата на Фиорентина стрелаше во 75. минута.

Сасуоло е на осмото место во калчото со 46 бода, додека Фиорентина е петнаесетта со 30 освоени бода.