ВИДЕО: Сасуоло со автогол го „потопи“ Беневенто и скокна до осмото место

Сасуоло стигна до три бода во дуелот на двете најпријатни изненадувања во Серија А оваа сезона. Имено, тимот на Де Зерби се созеде од поразот во Милано од Интер и чудните судиски одлуки на штета на Сасуоло, и славеше на југот на Италија против Беневенто со 0-1 (0-1).

Последниот натпревар од 30. коло на Серија А го одлучи автоголот на Барба, по убавата акција на гостите во последните мигови од првиот дел. Избраниците на Пипо Инзаги реагираа имаа свои моменти во вториот дел преку Сау и Гаиш, но не го најдоа патот до мрежата на гостите.

Сепак, во завршната фаза Распадори имаше зицер за потврда на победата на Сасуоло, кој не го искористи. Во судиското надополнување полскиот дефанзивец Глик имаше две големи шанси, но Консиљи ги спаси гостите. Тимот на Де Зерби потврди дека е поопасен на гостински терен, отколку пред своите гледачи сезонава.

Со овие три бода Сасуоло скокна до осмото место со 43 бода, а Беневенто остана на шеснаесеттото место со 30 бода, осум повеќе од опасната зона.