ВИДЕО: Сасуоло игра неверојатно - се врати од пораз и ѝ даде четири гола и на Болоња

Сасуоло ја продолжи одличната серија на стартот од новата сезона во Серија А и по четири кола се наоѓа на втората позиција зад Милан со десет бода. Денес, „неровердите“ се радуваа на триумф во ефикасниот трилер кај Болоња (3-4). 

  • Извештај од натпреварот:

Избраниците на Роберто де Зерби покажаа одличен карактер и на стартот се вратија од почетната предност на Болоња, а потоа и од негатива 3-1 за конечно славје. 

Резултатот го отвори Сориано, кој доби прецизен пас на пеналтикот од Паласио за 1-0 во деветтата минута. Израмнувањето на спротивната страна стигна преку Берарди со ефектен погодок. Момците на Михајловиќ поведоа пред полувремето преку Сванберг, а по еден час игра Орсолини стрелаше за предност од 3-1. Сепак, Сасуоло не се откажа, само четири минути подоцна Ѓуричиќ погоди за намалување на негативата. Франческо Капуто донесе израмнување за гостинската екипа, пред Томијасу да си даде автогол, за целосен пресврт и 3-4 пред финишот. 

Сасуоло досега по четири кола е без пораз, со три победи и едно реми се наоѓаат во врвот од табелата.