ВИДЕО: Сасуоло го распарчи Милан на „Сан Сиро“, вицешампионот во прва криза сезонава

Со само еден бод од последните три натпревари, Милан западна во голема криза во Серија А и веќе не е лидер на табелата. По ремито во градското дерби и поразот во Фиренца, тимот на Стефано Пиоли загуби од Сасуоло со 1-3 (1-2) во натпреварот од 14. коло на Серија А. Заморот од гостувањето во Мадрид во Лигата на шампионите остави трага и евидентно е дека „росонерите“ не може подеднакво добро да играат на два фронта.

  • Милан - Сасуоло 1-3:

Натпреварот започна добро за вицешампионот, бидејќи по првиот домашен корнер, Тео Хернандез центрираше, а повратникот Алесио Ромањоли со глава го матира Консиљи во 21. минута. Сепак, гостите од Реџо Калабрија брзо реагираа и по само три минути израмнија. Скамака се одлучи за удар од дваесттина метри и ефектно погоди во левиот горен дел на повратникот Мањан (1-1).

Примениот гол ја размрда самодовербата на момците на Пиоли, а гостите редеа шанси пред францускиот голман. По можноста на Распадори, пак Скамака се закани, а Кјаер немоќен да расчисти ја погоди сопствената мрежа во 33. минута (1-2).

Пиоли ги внесе Кеси и Месиас на почетокот од вториот дел, Милан се отвори и повеќе со желба, отколку организирано го притисна Сасуоло. Сепак, минијатурата на Берарди во 66. минута ги реши дилемите околу победникот. Репрезентативецот направи „дар-мар“ во домашната одбрана и откосо погоди прецизна дијагонала за финални 1-3. Нервозниот Милан натпреварот го доигра со десет фудбалери, бидејќи Ромањоли во 77. минута заработи исклучување.

  • Специја - Болоња 0-1: 

Попладнево без голови играа Специја и Болоња, а гостите славеа со 0-1, со голот на Марко Арнаутовиќ во финишот (0-1).

Состави

Стефано Пиоли

4-2-3-1

    Алесио Дионизи

    4-3-3