Сашо Дуков последно засилување на Пелистер за ВМФЛ

Фудбалскиот клуб Пелистер го комплетира тимот за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига - ВМФЛ. 

Последно име во ростерот ќе биде Сашо Дуков, напаѓач кој доаѓа од редовите на Силекс. 27-годишникот во минатата сезона играше во ВМФЛ - Исток и постигна 15 погодоци за кратовчани, па се очекува да биде сериозно засилување во нападот на пелистерци. 

Во својата кариера Дуков има играно и за Пелистер во 2013 година, а освен за Силекс, настапуваше уште за Саса, Росоман, Вардар Неготино, тиквеш, Напредок, Кожуф Миравци во Македонија, додека имаше и кратка авантура во ОФК Београд. 

Во таборот на Пелистер ова лето пристигнаа уште Фазлиу, Бакрачески, Наумовски, Петровски, Миленковски, Грозданоски, Бурхан Мустафов и Благоја Љамчевски.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.