Саша Ќириќ кандидат за спортски директор на Нирнберг

Некогашниот германски бундеслигаш Нирнберг едвај се спаси од испаѓање во третолигашката конкуренција, а во новата сезона тимот ќе има нов спортски директор.

Еден од кандидатите за оваа позиција е македонската фудбалска легенда Саша Ќириќ. Поранешниот играч на тимот и функционер во Фудбалската репрезентација на Македонија моментално нема ангажман, а медиумите од Германија го поврзуваат со Нирнберг, инаку негов поранешен тим.

Напаѓачот остави голема трага во Нирнберг каде настапуваше во два наврати. Прво дел од клубот беше од 1998 до 1999 година и на 45 настапи даде 22 гола, за потоа повторно да се врати на истото место од 2002 до 2004 година и да одигра 47 меча со 21 постигнат гол.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк