Саса се засили со младинскиот репрезентативец Давков

Екипата на Каменица Саса почна да работи на ростерот за следната сезона во ВМФЛ и во своите редови го донесе младиот Грегори Давков.

Давков, кој е роден во 2003 година и игра на позицијата лев бек, е поранешен играч на Беласица и Вардар. Доаѓа како слободен и е првото летно засилување за тимот од Македонска Каменица.

Грегори Давков е во фокусот на младинските селектори, а во моментов е дел од У19 фудбалската репрезентација на Македонија.