Саса се поднови со тројца млади фудбалери за сезоната во ВМФЛ

Екипата на Саса од Македонска Каменица ги претстави првите три засилувања за следната сезона во Втората лига - Исток.

Нови членови на „рударите“ се Мартин Мисердовски, Бобан Бабунски и Димитар Ѓорѓиев. Мисердовски е стопер и доаѓа од редовите на Работнички, Бабунски настапува како десен бек и доаѓа од Академија Пандев, додека Ѓорѓиев е голман и последен пат настапуваше за Беласица.

Од Саса најавија дека овие три имиња нема да бидат последните за новата сезона во второлигашката конкуренција.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.