• Зоран Мишевски

Фудбалерите на Борец 1919 го забележаа вториот пораз во подготвителниот период. На гостувањето во Македонска Каменица, домашната екипа, Каменица Саса беше подобра од велешани со резултат 3-0 (1-0).
Домаќините поведоа по пенал во првиот дел. Реализатор на ударот од белата точка беше Лазе Стојановски. По ова до крајот на првиот дел се играше рамноправно од двете страни. Во вториот дел двајцата тренери напаравија неколку измени, по што домашниот тим подобро се снајде на теренот и со головите на Махир Ајрули и Бурим Алиев го добија натпреварот со резултат 3-0.
Следниот натпревар за Борец е на на 27 јули против екипата на Вардар Неготино.