Саса падна во Радовиш, крај на сезоната со триумф за Детонит Јуниор

Со постигнат гол во последната минута Детонит Јуниор извојува победа против Саса од Македонска Каменица со 2-1 (1-0) во првиот натпревар од 24. коло од ВМФЛ-Исток. Радовишани со победа ја завршија сезоната и ја прескокнаа Плачковица на првенствената табела.

Натпреварот беше израмнет, се редеа шанси пред двата кола, почесто пред домашниот, а со многу доза на среќа Трајчевски постигна гол вреден три бода. Претходно Лиманов го отвори резултатот за домаќините, а Златановски израмни за гостите. 

Утре од 16:30 часот се играат останатите четири натпревари од последното коло, но веќе од пред една недела извесен е пласманот на екипите. Борец се промовира во прволигаш, а Тиквеш и Лабуништа ќе играат во баражот за промоција.

Вардар Неготино и Партизан Обршани завршија на последните две позиции во ВМФЛ-Исток.