Сари заработи суспензија поради бурната реакција по дербито со Милан

Сари

Тренерот на Лацио, Маурцио Сари, доби суспензија од два натпревари поради инцидентите на крајот од мечот со Милан. Предводникот на римјаните имаше судир со фудбалерот на домашната екипа Алексис Салемакерс.

Судијата поради неговата реакција му покажа црвен картон. Наводно младиот член на „росонерите“ направил гест со кој го испровоцирал Сари.

Тоа значи дека искусниот стручњак нема да ја води екипата на следните дуели против Каљари и Торино.

Лацио има две победи и еден пораз на стартот од Серија А, што е доволно за седмо место на табелата.

Состави

Stefano Pioli

4-4-2

    Маурицио Сари

    4-4-2