Сари си направи проблем: Роналдо гневно реагираше на замената во Москва (ВИДЕО)

Роналдо измена

Кристијано Роналдо не беше дел од завршницата на мечот со Локомотив Москва, на кој Јувентус во надополнувањето стигна до конечна победа на гостувањето во Русија од 1-2.

На негово место во 81. минута влезе Пауло Дибала, а Даглас Коста стрелаше за нови три бода на „бјанконерите“ во Лигата на шампионите.

Овој потег на Маурицио Сари ни малку не му се допадна на првата ѕвезда на италијанскиот првак. На излегување од теренот, тој не му подаде рака на својот тренер, му кажа неколку збора и со раката направи гест на незадоволство.

Италијанецот го објасни потегот и рече дека Кристијано имал мал проблем со коленото, па не сакал до крај да ризикува со него.

Нервозата кај португалскиот фудбалер беше присутна уште од првиот дел, кога Арон Ремзи му „украде“ погодок од слободен удар.