Сари се предомисли: Кедира останува, друг Германец го напушта Јуве

Челните лица на Јувентус во договор со новиот тренер на тимот Маурицио Сари донесоа одлука да го задржат искусниот играч за врска Сами Кедира, иако долго време се шпекулираше дека за него нема место во тимот на „старата дама“. 

Токму затоа во последен момент пропадна трансферот на Кедира во Арсенал, а многу веројатно Германецот ќе остане во Торино најмалку уште две сезони. Јуве, ова лето средниот ред го засили со Ремзи и Рабио, па Сари е приморан да се ослободи од вишокот на фудбалери кои ги делат истите позиции со новајлиите. 

Како што пренесуваат италијанските медиуми на излезни врати од Јуве е вториот германски репрезентативец, Емре Чан. 25-годишниот играч за врска пред една сезона како слободен фудбалер го засили шампионот на Серија А, но наводно нема да биде во плановите на Сари за новите предизвици. 

Во текот на ланската сезона одигра вкупно 37 натпревари и постигна четири гола, а забележа и една асистенција.