Сари: Сакам уште најмалку еден нов играч во Челзи!

Стратегот на Челзи, Маурисио Сари, се надева дека до крајот на преодниот рок тимот од „Стемфорд Бриџ“ ќе донесе уште најмалку едно ново име во своите редови.

Досега, Челзи го ангажира Жоргињо од Наполи, а Сари бара уште еден нов играч во средниот ред на некогашниот англиски првак.

„Зборував со надлежните за трансфер-пазарот, сакам уште најмалку еден до двајца нови играчи во тимот. Кажав на кои позиции ми е потребно ново име и со какви карактеристики треба да бидат фудбалерите кои ќе ги пратиме. Во составот имаме добри играчи во средниот ред, но мислам дека ќе ни биде потребно едно ново име токму во таа линија“, изјави Сари.

Новиот предводник на „сините“ кој на клупата го наследи Антонио Конте исто така побарал во тимот да останат и Еден Азар, Тибо Куртоа и Вилијан кои се поврзуваат со заминување од лондонскиот премиерлигаш.