Сари пристигна во Торино и се запозна со шармот на „старата дама“

Три недели по освојувањето на трофејот на Лига Европа во Баку, Маурицио Сари пристигна во Торино и утре ќе стави потпис на договорот со Јувентус. 60-годишниот стручњак на голема врата се враќа во Италија, каде се прослави водејќи го Емполи, а на големата сцена блесна тренирајќи го Наполи.

Сари беше пречекан од спортскиот директор Фабио Паратичи и потпретседателот Павел Недвед, а ја посети и својата канцеларија во клупските простории во „Континаса“ - најубавите и најлуксузните во светот.

Сари потпиша договор на три сезони со италијанскиот шампион и утре ќе биде претставен на „Јувентус Алијанц Стадиум“ со сите почести, слично како Кристијано Роналдо минатото лето. Сари треба да ја продолжи серијата на домашни титули, започната пред осум години и да го прекине европскиот пост на Јувентус, кој 23 години ја брка европската титула.

Единствено ново засилување кое Јуве го доведе досега во преодниот рок е Ремзи од Арсенал, а од позајмицата во Челзи ќе се врати Гонзало Игуаин