Сари: Потфрливме во Лион, вечерва бевме одлични и заслуживме повеќе

Прстот на фановите на Јуве е вперен кон тренерот Маурицио Сари. Наследникот на Макс Алегри не го направи потребниот исчекор во Европа и јуве првпат по пет години е елиминиран во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Сепак, поранешниот тренер на Емполи и Наполи не е незадоволен од своите фудбалери. 

„Одигравме одличен натпревар, очекував дека ќе бидеме полоши од ова денешно издание. Посебно беше тешко да се издигнеме после пеналот на Лион. Имавме неколку шанси за трет гол. Немам што да им замерам на фудбалерите. Ако мора да издвојам нешто што не ме задоволи, тоа е првото полувреме од Лион. Таму потфрливме, а на ова ниво тоа не смеете да си го дозволите. Жал ми е за Дибала и Даглас, ќе ни беа многу од помош. Не знам дали го гледавте натпреварот ПСЖ - Лион. Тие беа одлични, а денес често панично ја исфрлија топката во аут. Затоа жалам што сме елиминирани, бидејќи одигравме добар натпревар.“, вели Сари.

Тренерот на „старата дама“ потоа се осврна на својата иднина, притиснат од јавност и можната смена.

„Не сакам премногу да зборувам за мојата иднина. Имам договор и планот ми е да продолжам во Јувентус“, рече Сари.

Јувентус има пет недели за решение на клупата и играчкиот кадар, бидејќи новата сезона во Серија А започнува на 19 септември. м