Сари по дебаклот на „Итихад“: Би бил среќен ако добијам повик од Абрамович

Фудбалерите на Челзи беа декласирани на „Итихад“ од Манчестер Сити со 6-0, а по убедливиот пораз веднаш започнаа и прашањата за иднината на Сари на „Стемфорд Бриџ“.

После натпреварот, новинарите директно го запрашаа Италијанецот дали се плаши од повик од Абрамович, односно од можен отказ, а на тоа добија саркастичен одговор.

„Доколку претседателот ми се јави, ќе бидам среќен, затоа што досега никогаш не сме се слушнале“, изјави кратко Маурицио Сари.

Фудбалерите на Чезли влегоа во негативна серија на гостински терен, бидејќи имаат четири порази во последните четири натпревари со гол-разлика 0-13. Следен предизвик за „сините“ е дуелот на гостински терен против Малме во рамките на Лига Европа и нов неуспех на Сари ќе значи и дополнителен притисок за неговото менаџерско место во Лондон.