Сари: Пеналот е кристално чист, а не беше досуден уште еден врз Квадрадо!

Големите ривали Милан и Јувентус одиграа емоционален дуел на „Сан Сиро“, а ако недостигаше квалитет, тогаш сигурно не недостигаше драматика и спорни моменти. Додека „росонерите“ протестираат за пеналот за Јуве, за тренерот на тимот од Торино тука нема ништо спорно. Дури и според Сари, „старата дама“ требаше да добие уште една најстрога казна.

Предводникот на Јувентус по натпреварот рече:

„Со сегашните норми, пеналот за Јуве е кристално чист. Иако јас не сум комплетно согласен со правилото, но јас не се прашувам, ниту ги составувам правилата. Не чувствувам дека некој нешто ни помогнал, бидејќи имаше уште еден недосуден пенал за Јуве, заради удар со лакт врз Квадрадо и Кеси требаше да биде исклучен.

Пред 15-тина дена игравме многу подобро, сега играме полошо, имаме проблеми. Но, тоа се периоди и не значи дека вака ќе играме и во иднина“.

Голот на Роналдо од пенал во последната минута само ќе ги намали критиките врз тренерот Сари, кој веќе неколку дена е обележан како главен виновник за поразот во Верона во саботата.