Сари одбил, Сампаоли ќе го преземе кормилото на Марсеј

Искусниот аргентински стручња, Жорге Сампаоли е пред преземање на клупата на Марсеј, откако Андре Виљаш Боаш заработи отказ. Во моментов, како привремено решение е поставен Насер Ларгет, додека клубот од „Велодром“ пронајде ново име. 

Според угледниот трансфер-гуру, Фабрицио Романо, веќе сè е договорено меѓу клубот и Сампаоли, па Аргентинецот ќе потпише договор до 2023 година. Според него, веќе се договорени личните услови и остануваат уште ситни детали пред да дојде до официјализација. Интересно, Романо пренесе дека Маурицио Сари пред две седмици добил понуда да го води Марсеј, но ја одбил шансата, па вториот пик паднал на Сампаоли. 

Инаку, Сампаоли зад себе има богата тренерска кариера која датира од 1991 година, а најважните и најголеми ангажмани ги имаше во претходната деценија. Тој се афирмира во фудбалскиот свет преку клупата на репрезентацијата на Чиле, па во 2016 ја презеде Севиља. По шпанскиот клуб го презеде кормилото на Аргентина, а од 2018 работеше во Сантос и Атлетико Минеиро во Бразил