Сари одбил богата понуда од Русија за да седне на клупата на Милан?

Маурицио Сари замина од редовите на Лацио и наскоро се очекува да започне нова етапа во кариерата. Италијанскиот стратег има неколку понуди за нов ангажман, „најсолената“ пристигнала од Спартак Москва, но решил да го одбие повикот од Русија

Се шпекулира дека Сари ги одбил московјаните затоа што сака да седне на клупата на Милан, а управата на „росонерите“ веќе имала контакт со него и преговорите се во тек. Уште не е познато дали Стефано Пиоли е на излезната врата, но ако тоа се случи, негов наследник би можел да биде токму Сари. 

Миланезите се обиделе да го доведат и Антонио Конте, но тој во моментов не бил подготвен за овој предизвик, па се насочиле кон Сари, кој во минатото со успех предводеше неколку екипи како Наполи, Челзи и Јувентус