Сари: Не гледав мечеви на СП, таму нема што да се научи

Стратегот на Челзи, Маурисио Сари, призна дека не гледал ниеден натпревар на Светското првенство (СП) во фудбал кое изминатата година се одржа во Русија.

Искусниот стратег смета дека интернационалните мечеви се досадни и дека нема што да се научи од тренерите од истите средби.

„Не гледав мечеви на СП. Ништо не видов од натпреварите. Зошто? Не ги сакам националните тимови, од проста причина што од нив нема што да се научи. Таму нема ништо да се научи“, изјави Сари.

Во финалето на Мундијалот играа Франција и Хрватска, а до тронот дојдоа „галските петли“ во супервозбудлив натпревар со многу голови.