Сари: Кристијано не е проблем, ќе бидам загрижен ако е рамнодушен кога не игра

По критиките од светот на фудбалот заради реакцијата на Роналдо откако Сари го повлече од игра, тренерот на Јуве излезе во одбрана на Португалецот. Како и што се очекуваше предводникот на „старата дама“ рече дека ќе биде изненаден ако Кристијано е рамнодушен кога не игра.

„Роналдо не е проблем. Пред да зборуваме за било што, треба да му се заблагодариме за тоа што игра со болка во коленото скоро еден месец. Денес го заменив оти видов дека не е најкомотен на теренот. Тоа што се налути кога го заменив е нормално. Ќе бев загрижен ако беше спротивно и ако беше рамнодушен.

Игуаин е многу важен играч за нас и кога не постигнува голови. Денес бевме стрпливи, иако мораме многу подобро од гледна точка на квалитетот“, смета Сари.

По учинокот, поранешниот тренер на Емполи, Наполи и Челзи има еднаков или подобар учинок од неговиот претходно Алегри по три месеци на клупата на Јуве.