ВИДЕО: Сари избега од Пеп како од ѓавол по дебаклот на „Итихад“!

Маурицио Сари, стратегот на Челзи, сигурно ќе има што да им каже на своите фудбалери по дебаклот на „Итихад“ против Манчестер Сити, затоа што во соблекувалната избега веднаш по судискиот свиреж за крај.

На италијанскиот стратег очигледно тешко му падна поразот, затоа што по крајот, реши да не се поздрави со Пеп Гвардиола. Шпанскиот стратег го чекаше пред тунелот спортски да му подаде рака, меѓутоа Сари го избегна и веднаш влезе во соблекувалната.

Погледнете како Сари си замина од „Итихад“: