Сараевско дерби за сон на титулата

Со години сараевското дерби одлучуваше за титулата во Босна и Херцеговина, но во последните сезони тоа не беше случај. Минатата сезона, иако разликата меѓу Сараево и Железничар беше само три бода, „модрите“ беа четврти, „сините“ шести, па ниту едните ниту другите, не обезбедија место во Европа. Оваа сезона тимовите се надеваат на подобри резултати и затоа клучен за амбициите може да биде овој дерби-меч закажан на Грбавица во петок од 20:00 часот.

Сите квоти во MOZZART од натпреварот Железничар - Сараево

По шест кола Сараево е подобар на табелата, четврти е со десет бода. Има два повеќе од петтиот Жељо, а само бод помалку од моменталниот лидер Широки Бријег. Со тоа што оваа табела не е реална, актуелниот првак Зрињски, поради обврски во Европа каде бележеше историски резултати и дојде до плеј-офот во Конференциската лига, ги одложи лигашките натпревари. Има дури две неодиграни, а ако доминира во шампионатот како минатата сезона, на сараевските великани не им се пишува добро.
Сараево е во сериозен проблем затоа што врза три меча без победа. По поразот од Тузла Сити (5-1) и Игман (2-0), освои само бод во мечот со Слобода од Тузла (1-1). Додуша ни Жељо не е нешто подобар, има само еден триумф во последните четири кола, над Тузла Сити со 2-1. Минатиот викенд загуби едно дерби, на гостувањето во Бањалука каде Борац го совлада со 2-1.

Сите квоти во MOZZART од oстанатите натпревари од босанскиот шампионат

Ова ќе биде 64-та пресметка на момците во сини и бордо дресови во Премиер лигата на БиХ, а засега се изедначени. Двата тима имаат по 17 победи, а 29 меча завршија како реми. Меѓутоа, по бројот на титули од распадот на СФРЈ подобар е Железничар (6-5) со тоа што последната ја освои во 2013 година, а Сараево во 2020 година. Ако ги сметаме сите нивни дуели ова ќе биде 147 дерби на Сараево, тука Жељо е во плус по бројот на победи – 46:44, со 56 нерешени средби.

На последните три меча видовме по еден од сите исходи, а на секој натпревар паднаа по два гола. Последниот, на 10 мај, заврши со резултат 1-1.