• Мартин Танасковски

Босански Сараево ќе остане без двајцата македонски фудбалери, затоа што се раздели со Влатко Дробаров, а на чекор кон истото е и Даниел Аврамовски.
Двајцата беа дел од „бордо“ тимот, Дробаров дојде непосредно по заминувањето на Александар Васоски од тренерското место, додека Аврамовски дојде во неговиот мандат. Медиумите од БиХ велат дека нивната авантура во тимот е готова.
И Дробаров и Аврамовски имаат валидни договори со Сараево, но наскоро тие ќе бидат раскинати.