• Саше Љолес
Фудбалерите на Тотенхем го надиграа вечниот ривал Арсенал во пријателскиот натпревар во Хонг Конг и славеа со минимални 0-1 (0-1).
Стрелец на единствениот погодок на мечот беше Папе Матар Сар, кој биеше прецизно во 45. минута. Микел Артета се обиде да внесе свежина во второто полувреме и изврши осум замени во својот тим, но „топчиите“ останаа без „муниција“ во завршницата од акциите.
Тотенхем одигра мудро во вторите 45 минути и беше солиден во дефанзивата, што доведе до заокружување на минималниот триумф над големиот градски ривал.
- Извештај од натпреварот:
„Петлите“ се подготвуваат за Суперкупот на УЕФА, каде ќе се сретнат со францускиот ПСЖ, додека Арсенал официјално ќе ја започне сезоната на 17 август, кога ќе се сретне со Манчестер Јунајтед во првото премиерлигашко коло.
ФОТО/PHOTO: Tottenham Hotspur/Facebook



