ВИДЕО: Сапинен ја продолжи серијата, третпат ја „стресе“ Македонија

Фудбалската репрезентација на Естонија на стартот на второто полувреме успеа да изедначи против Македонија (1-1), со ефектен гол на најдобриот играч Рауно Сапинен.

Најистурениот напаѓач на Естонците по една загубена топка на Велковски се најде откосо и пласирано биеше во горниот дел од аголот на голот на Шишковски. Македонскиот голман направи лоша проценка при падот на топката, па потоа немаше шанси да интервенира и сега резултатот е изедначен.

  • Голот на Сапинен против Македонија:

За Сапинен ова е трет гол против Македонија, по оние два во Талин во првиот меѓусебен натпревар (3-3), со што тој ја продолжи добрата серија против нашиот национален тим.