Сантош: Судијата се извини затоа што не досуди чист пенал, но што имам јас од тоа!?

Португалија по ремито со Србија (1-1) во Лисабон беше огорчена на главниот судија Шимон Марчинак, за што говори изјавата на селекторот Фернандо Сантош.

Рукавина во вториот дел од мечот играше со рака во казнениот простор, но полскиот судија по консултација со помошникот реши да не досуди пенал. Португалците протестираа жестоко, но залудно.

„Судијата ме повика заедно да ја анализираме ситуацијата, видовме и двајцата дека се работи за чист пенал. Ми се извини, но тоа не ни помага сега. Што имам јас од тоа? Што да правам со неговото извинување? Мислам дека вината е кај неговиот помошник. Португалија е оштетена. Мора да се воведе ВАР-технологија на сите стадиони“, изјави Сантош.

Португалија по воведните две кола од квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2020 година има две ремија, со Србија и Украина.

Европско првенство, Квалификации, Група B
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 УкраинаУкраина 7 6 1 0 15:2 13 19
2 ПортугалијаПортугалија 6 3 2 1 14:6 8 11
3 СрбијаСрбија 6 3 1 2 12:13 -1 10
4 ЛуксембургЛуксембург 6 1 1 4 5:11 -6 4
5 ЛитванијаЛитванија 7 0 1 6 5:19 -14 1