ВИДЕО: Сантиметри го делеа Левандовски од „златен“ гол, ВАР ја спаси Севиља

Баерн Минхен постигна гол за водство од 2-1 против Севиља во Суперкупот на Европа, но ВАР-технологијата го поништи истиот заради недозволена позиција, Имено, по една збркана акција, Милер додаде до Левандовски, а Полјакот го матира Боно и се израдува на уште еден негов гол во оваа 2020 година.

Сепак, од ВАР-собата стигна потврда дека напаѓачот на Баерн се наоѓал во недозволена позиција и голот оправдано беше поништен.

  • Поништениот гол на Левандовски против Севиља: 

Севиља и Баерн играат отворен натпревар, во кој сите опции се во игра во последниот судиски свиреж на Ентони Тејлор.