ВИДЕО: Сантиметри фалеа Ибра да постигне еден од најубавите голови во историјата

Ибра

Златан Ибрахимовиќ стрелаше во победата на Милан на тешкото гостување кај Фиорентина. „Росонерите“ ја продолжија трката со Интер и го искористија киксот на Јувентус, за да направат разлика на табелата.

При резултат 2-2, шведскиот напаѓач со маестрален шут се обиде да го матира домашниот голман. Од тешка позиција ја испрати топката кон противничкиот гол, која на крај за малку не заврши на посакуваното место.

Евентуалниот погодок ќе кандидираше за еден од најубавите во сезоната и во историјата на фудбалот...