Сањол: Македонија нè притисна, не беше план да играме повлечено во првиот дел

Откако Вили Сањол ја презеде грузиската репрезентација, овој национален тим е во евидентен прогрес. Иако не ги мина квалификациите за Светското првенство во Катар, оваа група од Лига Ц на Лигата на нации ја покажува зрелоста на грузискиот национален тим.

Под водство на поранешниот француски репрезентативец и ас на Баерн, Грузија двапати без примен гол ја совлада Македонија, а по вечерашните 2-0, веќе е во плеј-офот за Европско првенство.

„Сакам да уживам по настапот на моите фудбалери. Ова е огромен чекор и нема потреба да зборуваме за плеј-офот, кој ќе се игра по повеќе од една година. Не беше план да им ја препуштиме топката на Македонија, туку да се наметнеме. Но, ни требаше време да ја прочитаме нивната нова игра, новиот систем. Некои фудбалери делуваа згрчено од старт и тоа се почувствува. 

Реков вчера дека Македонија е одлична и има извонредни играчи, па логично е во одреден дел од натрпеварот да доминира. Но, тимот никогаш не се растури, покажа структура, зрелост и среќен сум како реагиравме на иницијативата на Македонија. Голот за водство ни даде голема стабилност. Фудбалот не е како шах и мора да бидеме свесни за тоа. Македонија во првиот дел ни создаде проблеми, но добро е што не примивме гол кога бевме под притисок. Глобално среќен сум како одигравме во овие деведесет минути“, рече францускиот стручњак.

Потоа Сањол не откри дали ќе ротира в понеделник пна крајот од групната фаза или ќе игра со најдобриот тим.

„Треба да видам како ќе репукираат моите фудбалери и ќе одлучам кој ќе игра в понеделник, бидејќи бодовите и на тој натпревар ни се многу важни“, заврши Сањол.

Во последното шесто коло од групата Грузија гостува кај Гибралтар, само за потврда на првото место во групата. 

Состави

Вили Сањол

3-4-3

    Благоја Милевски

    4-4-2