Сане се враќа во Бундеслигата и ќе го засили Баерн Минхен

Сане

Поранешниот фудбалер на Шалке 04 и сегашен член на Манчестер Сити, Лерој Сане, од наредната сезона би можел да се врати во Бундеслигата.

„Граѓаните“ започнаа преговори за проджба на младиот напаѓач кој најверојатно ќе го облече дресот на Баерн Минхен. Недовербата кај Пеп Гвардиола и малата минутажа го тера германскиот репрезентативец да размислува за промена на играчката средина.

Тој би бил идеална замена за Франк Рибери и Арјен Робен кои на крајот од сезоната ќе ги напуштат Баварците.

Тимот на Нико Ковач веќе доведе неколку засилувања. Под негова палка во текот на летото ќе работат Бенжамин Павар од Штутгарт, Лукас Хернандез од Атлетико Мадрид и талентираниот Јан-Фате Арп од Хамбургер.

Баерн води голема борба за титулата во Германија каде стои на два бода пред Борусија Дортмунд на едно коло до крајот.