Сане објасни како Баерн ќе игра без Левандовски

Сане

Роберт Левандовски замина во Барселона и остави празно место во центарот од нападот на Баерн Минхен.

Без полскиот напаѓач, Јулијан Нагелсман ќе мора да се адаптира и да воведе нов стил на игра. Лерој Сане најдобро објасни како ќе игра германскиот првак без својот најдобар голгетер.

„Мора да се адаптираме. Нема повеќе да користиме долги топки напред, бидејќи таму нема да има никој. Секој ќе мора да помага со повеќе трчање. Научивме доста нови работи ова лето. Мислам дека ќе се забавуваме со овој стил на игра“, изјави германскиот репрезентативец.

Баерн доминира во домашното првенство и е голем фаворит да освои уште една титула во низа. Дури и без Левандовски никој не очекува да му застане на патот на баварскиот гигант во Бундеслигата.