• Иван Димовски
Лерој Сане направи голема глупост во пријателскиот натпревар со Австријците, кој Германија го загуби со 2-0. Како да не е доволна неубедливата игра на „панцерите“, па против Австрија мораа да играат со десетмина речиси цело полувреме.
Асот на Баерн по еден дуел со Филип Мвене ги загуби нервите. Сане прво направи фаул од зад грб, а тоа го налути репрезентативецот на Австрија. Иако и Мвене не беше невин во ситуацијата, во пад го удри Сане, а потоа тргна кон него и го турна, сепак реакцијата на Германецот беше пожустра. Тој без колебање возврати, па го фати за врат и го оттурна Мвене кој заврши на тревата.
Судијата Славко Винчиќ немаше дилеми и веднаш го санкционира Сане со директен црвен картон. Од друга страна и Мвене беше казнет поради провокациите и реакцијата, меѓутоа само со жолт картон.