Сане е веќе во Германија, потписот со Баерн Минхен е прашање на време

Фудбалерот на Манчестер Сити, Лерој Сане може веќе во текот на денов да стане нов играч на Баерн Минхен. Откако вчера беше фотографиран во Германија, најавите станаа се погласни за неговиот трансфер. 

Околу напредната фаза на преговорите зборуваше и спортскиот директор, Хасан Салихамиџиќ кој призна дека веќе се разговара за засилување.  

„Можам да потврдам дека сме во позитивни преговори со менаџментот на Манчестер Сити и претставниците на Лерој Сане. Сепак, во моментов мораме да бидеме трпеливи“, изјави Салихамиџиќ. 

Сане беше повреден и речиси не играше сезонава, но интересот од Баерн Минхен постои од претходно. Токму пред да се повреди, баварците беа во напредни преговори со Германецот, па договорот не беше склучен. Сега, се очекува само уште крилниот напаѓач да ги мине медицинските прегледи во Баерн и да стави потпис на договор.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.