• Саше Љолес
Белгискиот десен бек Томас Мение официјално е нов играч на Сандерленд, објави англискиот премиерлигаш.
Искусниот дефанзивец потпиша двегодишен договор и се очекува да биде солидно засилување за екипата.
Мение пристигнува како слободен играч по престојот во Лил, каде што се пресели во 2024 година од турски Трабзонспор. За францускиот тим одигра вкупно 81 натпревар.
Во текот на својата кариера настапуваше и за Борусија Дортмунд, ПСЖ, Клуб Бриж и Виртон, носејќи богато искуство од најсилните европски првенства.
