Сандеј Адетунџи преговара со бугарски Левски

Македонскиoт прволигаш Шкупи остана без Сандеј Адетунџи. Нигериецот е слободен играч, бара нова средина, а една од опциите е бугарскиот фудбалски клуб Левски од Софија.

Раководството на „сините“ веќе е во преговори со напаѓачот кој беше најдобар стрелец во ПМФЛ во шампионската сезона на Шкупи под водство на Гоце Седлоски. За две сезони меѓу чаирчани, Адетунџи одигра 62 меча на кои даде 33 гола и 11 асистенции.

Адетунџи се повзрува и со трансфер во Косово, од каде има интерес од екипата на Балкани. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.