ВИДЕО: Санчо го казни заспаниот Челзи, Јунајтед до бод кај лидерот

Екипата на Манчестер Јунајтед иако во инфериорна улога и без Кристијано Роналдо како стартер, успеа да се избори за бод на гостувањето кај лидерот Челзи (1-1) во дербито на колото во Премиер лигата.

  • Извештај од натпреварот:

Само една победа во последните шест кола е билансот на „ѓаволите“ во елитата. Поради тоа тимот е на осмото место, далеку од позициите кои водат во Лигата на шампионите. Челзи е лидер, но на овој резултат најмногу се радува Манчестер Сити.

Кристијано Роналдо остана на клупата по одлука на Керик, па токму поради тоа Манчестер Јунајтед се мачеше во нападот во првото полувреме. Немаше ниеден шут во рамки на голот на Челзи, а на спротивната страна, Давид Де Геа бранеше одлично и беше виновник зошто „сините“ немаа предност пред своја публика.

На самиот старт на второто полувреме, во 50. минута, следеше студен туш. Санчо го фати Челзи на спиење, ја искористи грешката на Жоржињо и успеа да го отвори резултатот (0-1). По дадениот гол на терен влезе Роналдо на местото на стрелецот Санчо, а само три минути по влегувањето на Португалецот, Челзи изедначи. Ван Бисака направи најстрога казна, која во гол ја претвори Жоржињо и се извади за претходниот кикс. До финишот на мечот Челзи беше тимот што притискаше, но немаше реализација. Најдобрата можност ја имаше Рудигер во екстра-времето, но обидот профуче над пречката.

Состави

Томас Тухел

3-4-2-1

    Ралф Рангник

    4-3-1-2