• Мартин Танасковски
Екипата на Челзи си ја заврши работата и со победа на гостински терен кај Борнмут (0-1) влезе во горниот дел на табелата во Премиер лигата по четири одиграни кола.
„Сините“ до триумфот дојдоа со погодок во второто полувреме. Мечот можеше да има поинаков тек, да не беше промашениот пенал на домаќинот во првиот дел. Поточно, не реализира Еванлисон во 38. минута.
- Извештај од натпреварот:
Моментот на одлука се случи во 86. минута, кога Џејдон Санчо на своето деби асистира за победа. Англичанецот го проигра Нкунку, а тој ја смести топката во мрежата на „црешите“ за важни три бода за продолжението на сезоната.
Челзи во следната рунда игра мало лондонско дерби со Вест Хем, додека Борнмут кој го доживеа првиот пораз гостува кај Ливерпул.