Санчез се согласил да замине на позајмица во Интер

Интер и Алексис Санчез се договориле, Чилеанецот прифатил алтернативна можност со помала плата од сегашната која е најголема во Премиер лигата. Фудбалерот не е во плановите на Манчестер Јунајтед и само да се ослободи од неговата плата англискиот гигант би го позајмил во Италија

Станува збор за едносезонска позајмица без задолжително право на откуп. Солскјер пред два дена демантираше дека ќе го пуштат Санчез да си замине, но до први септември сите опции се отворени.

Чилеанецот блесна баш во Серија А, во дресот на Удинезе, од каде се пресели во Барселона, па на Островот во Арсенал и Манчестер Јунајтед.

Интер ова лето се засили со Лукаку, Годин, Сенси и Барела, па Конте ќе се обиде да ја прекине доминацијата на „чизмата“ на неговиот поранешен клуб Јувентус