ВИДЕО: Санчез ја реши Парма, Интер гради предност на врвот!

Фудбалерите на Интер одиграа според планот и победија на средбата од 25. коло во италијанската Серија А, против Парма на „Енио Тардини“ со 1-2 (1-2). Иако во првото полувреме мрежите мируваа, но Алексис Санчез со два гола го одведе Интер пред победа, а иако Хернани ја врати надежта, Парма загуби. 

  • Извештај од натпреварот: 

Првиот дел се играше попретпазливо, но сепак имаше неколку шанси. Јасмин Куртиќ и Ромелу Лукаку имаа добри можности да реализираат, ама промена на резултатот немаше и на пауза заминаа без голови. 

Чилеанецот во редовите на Интер, Алексис Санчез со „блиц-крик“ и два погодоци во 54. и 62. минута донесе висока предност од 0-2 на својот тим. Во двата наврати асистент беше Ромелу Лукаку, со две одлични проигрувања до Санчез. 

Во продолжението Хернани успеа да ја врати надежта за Парма, постигна погодок за 1-2 во 71. минута. Сепак, домаќинот немаше сили да се врати во мечот и загуби, па трите бодови заминаа за Милано. 

Интер победи и запиша нови три бода, па сега има 59 односно шест повеќе од градскиот ривал Милан и десет повеќе од Јувентус.