ВИДЕО: Санчез го „фрли“ Нејмар во рекламите и му посака добредојде назад

Нејмар

По неколку месечна пауза, Нејмар му се врати на фудбалот. Вчера беше дел од пријателската средба против Колумбија која заврши без победник.

Ѕвездата на ПСЖ, околу која се водеше голема трансфер сага ова лето, го постигна погодокот за конечни 2-2. Покрај тоа, направи уште неколку шанси, но не успеа да обезбеди позитивен резултат за „кариоките“.

Моментот од мечот, кој најмногу го привлече вниманието на фановите, е стартот на Дависон Санчез врз Нејмар. Главниот напаѓач на Бразилците прв стигна до топката, но беше исфрлен од теренот и заврши во рекламите покрај тревникот.

Многумина го протолкуваа ова како добредојде назад за Бразилецот на фудбалските терени: