• Александар Ковачев

На вчерашниот натпревар од квалификациите за СП во Русија, во Осло реперезентацијата на Норвешка со 4-1 го совлада Сан Марино. И ништо нема тука чудно, очекувана победа, но голот на Сан Марино е прв во официјален натпревар за оваа селекција на гостински терен по пауза од 15 години, во квалификациите за СП.
San Marino casually scoring their first away goal in the WC Qualifiers for 15 years against Norway...
— SportsJOE (@SportsJOE_UK) October 11, 2016
Стрелец на голот за 1-1 во 54. минута беше Матиа Стефанели. За изненадувањето да не биде целосно се погрижија Норвежаните, кои во периодот од 77. до 83. минута постигнаа три гола и славеа очекувана победа.
А во исто време во студиото на норвешката телевизија вака се реагираше по голот за израмнување на репрезентацијата на Сан Марино.
AMAZING: Norwegian TV when San Marino equalised tonight.
pic.twitter.com/8WMBxlW6kb— SPORF (@Sporf) October 11, 2016